Матеус Куња потпиша нов договор со англискиот премиерлигаш Вулверхемптон Вондерерс.

Брилијантниот Бразилец доби нов договор само неколку часа откако постигна гол во победата од 2:0 против Астон Вила во Премиер лигата.

Во текот на јануари се зборуваше дека напаѓачот би можел да го напушти клубот, но тие гласини сега се демантирани. Куња е еден од клучните играчи во борбата за опстанок.

Матеус пристигна во Волвс во 2023 година од Атлетико Мадрид. Досега одигра 54 натпревари и постигна 22 гола.

Текстот Куња доби договор до 2029 година е превземен од МАКФАКС.