Матијас Тел е блиску до трансфер во Тотенхем. Според германски „Скај Спорт“, Тотенхем мораше да реагира на пазарот по повредата на првиот напаѓач, Домини Соланке.
Тотенхем за трансферот на Тел е подготвен да му плати на Баерн околу 50 милиони фунти.
Сега останува само Тел да ги прифати финансиските услови кои ги нуди Тотенхем, за да биде реализиран трансферот.
Тел годинава има мала минутажа кај тренерот Винсент Компани и затоа побара трансфер. Тој има само 19 години. За Баерн одигра 60 натпревари од 2022 година и постигна 12 гола.
Тој е репрезентативец на Франција до 21 година.
Текстот Матијас Тел е пред трансфер во Тотенхем е превземен од МАКФАКС.