По ждрепката за Лигата на шампионите, во седишеото на УЕФА во Нион се одржа ждрепката за плеј-офот за Лига Европа.
По првата фаза, пласман во осминафинаето изборија најдобрите осум екипи: Лацио, Атлетик Билбао, Манчестер јунајтед, Тотенхем, Ајнтрахт, Лион, Олимпијакос и Глазгов Ренџерс.
Дерби мечот во плејофот ќе го одиграат Порто и Рома.
Бараж двојки за пласман во осминафиналето:
Твенте – Бодо/Глимт
Фенербахче – Андерлехт
Унион Сен Жилоа – Ајакс
ПАОК – ФЦСБ
АЗ Алкмар – Галатасарај
Митјиланд – Реал Сосиедад
Ференцварош – Викторија Плзен
Порто – Рома
Првите натпревари од баражот за пласман во осминафиналето ќе се играат на 13. февруари, а реваншите се на 20. февруари.
Текстот Дерби Порто – Рома во баражот во Лига Европа е превземен од МАКФАКС.