Kриминалниот и неодговорен однос на СДС и ДУИ во изминатите седум години, нивното расипништво и аматеризам, ја имаат својата цена, оценуваат од ВМРО-ДПМНЕ. Според нив, секое неодговорно трошење и секој пропуст да се заштитат националните и економските интереси од СДС оставија длабоки траги врз стандардот и секојдневието на луѓето.

„Но, добро е што тоа време е зад нас. Сега Македонија има влада која работи за граѓаните, со јасна цел да ја врати стабилноста и довербата во институциите.

Оттаму, денешната изјава на неврохирургот на Заеви, Венко Филипче, е уште еден обид да се прикрие историската неспособност на СДС во управувањето со економијата и последиците кои ги оставија зад себе. Она што денес го сведочиме не е резултат на осум месеци одговорно владеење, туку на години хаос, нестручност и игнорирање на потребите на граѓаните од страна на владата на СДС“, велат од владејачката партија.

Како што додаваат реалноста е јасна: „инфлацијата, која го погоди секој дом и секој граѓанин, е директен производ на нивното владеење. Венко Филипче заборава дека токму тие наместо да ја стабилизираат состојбата на економски план, драматично ја влошија. Заборава и дека СДСМ го остави државниот буџет на колена, без визија и план за справување со економските предизвици“.

ВМРО-ДПМНЕ, додаавт од партијата на Мицкоски, се бори за интересите на граѓаните и ги повикува сите да испратат јасна порака дека економските политики мора да бидат ориентирани кон нив, а не кон лични или партиски интереси.

Филипче, како што истакнуваат, да не се прави дека е од вчера дојден.

„И да не мисли дека народот заборавил што се се случуваше кога тој и Заев беа на власт и кога СДС и ДУИ дивееја по државава забегани во корупција и во држава со галопирачка инфлација и рекордна сиромаштија. Филипче, не си од вчера. Те знае народот. И не заборава кој си и што злодела имаш направено“, подвлекуваат од ВМРО-ДПМНЕ.