На еден ден пред стартот на ракометното Светско првенство во Египет, Македонија дозна дека ќе биде учесник на овој масовен настан.
Нашите најдобри ракометари својот прв натпревар ќе го имаат в четврток против Шведска, а во групата се иселекциите на домаќинот Египет и Чиле.
Непосредно пред да отпатуваат за Каиро, еден од најдобрите македонски одбојкари Никола Ѓоргиев, како и другите негови репрезентативни колеги, им посакаа многу среќа на ракометарите на СП.
Ѓоргиев на својот Инстаграм профил напиша: „Среќно браќа“, а има и посебна слика со пивотот на Вардар 1961, Стојанче Стоилов: „Среќно братуу, Газии“.
Одбојкарите во меѓувреме бркаат нов настап на еврошампионатите, после првата важна победа над Босна и Херцеговина, вечерва од 18.00 часот имаат клучна битка против Турција.