Шефот на стручниот штаб, Марјан Секуловски денеска реализирајќи ја првата прозивка означи и официјален старт на подготовките на Брегалница за пролетниот дел од сезоната во Втората лига – Исток.
Во однос на есенскиот дел, единствено е прекинат договорот со Сашо Шоповски, додека сите останатите фудбалери се на располагање на стручниот штаб.
Утврден е планот и за подготовките на тимот до стартот на вториот дел од шампионатот закажан за 27. февруари. Првата фаза од подготовките фудбалерите на Брегалница ќе ја одработат во Штип, а од 3. до 14. февруари ќе бидат финалните подготовки во Дојран.
Веќе се договорени шест пријателски средби. Се почнува на 23. јануари со дуелот против Кит Го, потоа на 30. јануари е пресметката со Осогово, на 3. февруари дуелот со Борец, на 6. февруари против Беласица, за 13. февруари пресметката со Кожуф, а генералката ќе биде на 20. февруари против лидерот во Втората лига – Запад, екипата на Скопје.
Првиот натпревар од пролетната сезона во Втората лига – Исток, Брегалница го игра на 27. февруари против прилепска Победа на домашен терен. Во првиот дел од сезоната покажа штипската екипа дека е сериозен кандидат за враќање во Првата лига, моментно е на првото место со 42 бодови, седум повеќе од второпласираниот Тиквеш.