Италијанскиот тим ја прекина серијата на Реал Мадрид од шест победи по ред.
Кошаркарите на Милано приредија вистинско изнедување во 18. коло од Евролигата победувајќи го Реал Мадрид и тоа како гостин со 76:80.
Ова беше шести пораз за Реал Мадрид сезонава, а воедно и преставуваше крај на серијата од шест триумфи во низа, додека од друга страна Милано ја оствари 10. победа.
Поранешниот кошаркар на Реал Мадрид, Серхио Родригез е виновникот за победата на Милано, постигнувајќи пет поени во завршницата, додека Дилејни од линијата за слободни фрлања го потврди триумфот. Родригез беше најпрецизен во редовите на Милано со 17 поени, а Дилејни постигна 14, додека кај Реал Мадрид, Џејси Керол уфрли 20 поени.
Анадолу Ефес оствари убедлив триумф од 22 поени (80:102) на гостувањето кај Асвел Вилербан. Кошаркарите на тускиот тим работата ја завршија уште во првото полувреме кое го решија во своја корист до 54:34 и во вториот дел рутински ја одработија својата задача. Василије Мициќ со 23 поени и девет асистенции беше најзаслужен за убедливиот триумф, додека Шејн Ларкин постигна 16 поени.
Во најнеизвесниот натпревар, Олимпијакос со 84:82 го совлада Баерн Минхен. Костас Слукас во последните 80 секунди постигна четири поени и го реши победникот. Токму Слукас со 24. поени беше најпрецизен во победничкиот тим, додека кај Баерн се истакна Сили со 26 поени.
Резултати:
Жалгирис – Химки 102:75
Олимпијакос – Баерн 84:82
Асвел Вилербан – Анадолу Ефес 80:102
Реал Мадрид – Милано 76:80