Ирвин Ривера е упасен на Флорида поради обид за убиство на своите две сестри.
Како што објавија американските медиуми, 31-годишниот УФЦ борец со нож околу три часот по полноќ ги нападнал и избодел неколку пати своите две сестри, едната 21-годишна и другата која има 33 години.
Една од сестрите е избодена во грбот, раката и главата, додека втората има убоди во пределот на лицето, грбот и по рацете. Една од сестрите успеала некако да ја повика полицијата во Бојнтон Бич во сојузната држава Флорида која веднаш започна потрага по 31-годишниот Ривера.
UPDATE: Rivera was charged with first degree premeditated murder pic.twitter.com/hobFqk58nO
— Eric Kowal – MyMMANews.com (@MyMMANews) January 8, 2021
Во моментот кога бил пронајден од полицијата, облеката на УФЦ борецот била крвава, а тој на испитувањето го признал нападот.
Ривера на полицијата и рекол дека ги нападнал сестрите бидејќи „така му рекла повисока сила“. Се очекува утре да биде изведен на суд.
Ирвин Ривера се бори во категоријата до 61 килограм и во професионалната кариера има скор од десет победи и шест порази.