Николо Заниоло не беше омилен меѓу навивачите на Рома, од синоќа тој стана омразен лик. Рома загуби од Аталанта со 0:2, вториот гол го постигна Заниоло и бурно го прослави под трибината каде што беа сместени фановите на Аталанта.

Заниоло, како голем талент пристигна од Интер во Рома. Тој беше дел од трансферот кога Раџа Наинголан се пресели во Интер.

Во клубот се надеваа дека тој ќе биде новиот предводник на Рома, дури и дека барам малку ќе може да се доближи до краиерата на Франческо Тоти. Ништо од ова не се случи. Минатото лето одби да го продолжи договорот, сагата траеше во текот на преодниот рок, поради што Рома реши да го пушти.

Заниоло се пресели во Галатасарај, таму не блескаше па замина во зимскиот преоден рок во Астно Вила. И во Премиер лигата не блескаше, па Астон Вила реши да го позајми во Аталанта.

Аталанта реши да ризикува со него, но Заниоло сепак не пружа блескави игри и покрај одличната форма на тимот на Џан Пјеро Гасперини.

Во последното коло успеаја да ја забележат 11-та победа во последните 12 натпревари против Рома (2:0), а вториот гол против поранешниот клуб го постигна Заниоло.

Италијанецот влезе како резерва, беше пречекан со свирежи, а во 80.минута го постигна вториот гол со кој ја запечати победата на Аталанта. Кога го постигна голот, го соблече дресот и застана под трибината каде се наоѓаа навивачите на неговиот тим.

По натпреварот навивачите на Рома закачија голем транспарент кој висеше над улицата пред Колосеумот.

„Заниоло предавник, го.но без чест“, пишуваше на транспарентот.

Текстот Навивачите на Рома со порака за Заниоло: Предавник, го.но без чест е превземен од МАКФАКС.