Последнопласираниот тим во Премиерлигата, Вест Бромвич Албион (ВБА) го потврди денеска своето прво засилување во јануарскиот преоден рок во играчот за врска Роберт Снодграс.
Триесетитригодишниот поранешен шкотски репрезентативец доаѓа од лондонскиот премиерлигаш Вест Хем, а со екипата од Бирмингем потпиша договор на 18 месеци.
-Донесовме сестран играч, со искуство и квалитет, изјави тренерот на ВБА, Сем Алардајс.
Снодграс изминатите три години одигра 86 натпревари во дресот на Вест Хем, на кои постигна 11 голови, а додаде и 17 асистенции.