Четврта година по ред, Макс Ферстапен е светски шампион во Формула 1. Ја одбрани титулата на две трки пред крајот на Големата награда на Лас Вегас, каде што не смееше да освои два бода помалку од единствениот преостанат натпреварувач, Ландо Норис, а со петтото место освои бод повеќе и ја зголеми предноста на недостижни 63 бода.
„О Боже каква сезона… Четири пати! Фала на сите. Беше малку потешко од лани, но ја извлеков сезоната, дадов се од себе“, порача Ферстапен низ солзи преку тимското радио.
Неколку моменти подоцна беше снимено неговото обраќање до неговиот тим Ред Бул.
“Не мислев дека ова е можно, но го направив тоа благодарение на вас. Фала уште еднаш”, рече тој.
Ферстапен се израмни со Алан Прост и Себастијан Фетел со четвртата шампионска титула, а пред него се само Михаел Шумахер и Луис Хамилтон со по седум титули и легендарниот Хуан Мануел Фанџо со пет.
Текстот Ферстапен во солзи му се заблагодари на тимот е превземен од МАКФАКС.