Актуелниот МВП во НБА лигата, Никола Јокиќ со трипл-дабл го прослави раѓањето на второто дете. Спрскиот ас и сопругата Наталија добија син, а Јокиќ на паркетото против Далас Маверикс испорача 33 поени, 17 скока и 10 асистенции.
Денвер не успеа да го победи Далас и покрај тоа што Јокиќ го водеше тимот до пресврт. Денвер надоместија минус од 20 поени, но на крајот Далас победија со 123:120.
Јокиќ одново не доби помош од соиграчите и покрај тоа што го забележа седмиот трипл-дабл од почетокот на сезоната.
Српскиот ас го следеа Кристијан Браун и Мајкл Портер Јуниор со по 17 поени, а Расел Вестбрук додаде еден помалку. На другата страна Наџи Маршал постигна 26 поени, Пи Џеј Вашингтон додаде 22, а Кајри Ирвинг 19.
Далас играше без Лука Дончиќ кој го повреди зглобот на десната рака во вториникот.
Резултати:
Филаделфија – Бруклин 113:98
Вашингтон – Бостон 96:108
Њу Орлеанс – Голден Стејт 108:112
Чикаго – Атланта 136:122
Хјустон – Портланд 116:98
Милвоки – Индијана 129:117
Денвер – Далас 120:123
ЛА Клиперс – Сакраменто 104:88
Текстот (Видео) Јокиќ доби син, па се врати на паркетот со трипл-дабл, Денвер загуби од Далас е превземен од МАКФАКС.