Македонскиот репрезентативец од почетокот на ноември 2020 година не е во составот на Леванте поради повреда на `рбетот.
Полека, но сигурно Енис Барди се опоравува, им се заблагодарува на сите во шпанскиот клуб, особено претседателот со кој често до сега контактираше.
Како што самиот вели дека ова е тешко, но ги прифаќа нештата кои доаѓаат. За првпат во седум години нашиот играч период од два месеци нема настап.
– Благодарност до клубот и фановите за поддршката. Скоро сум подготвен да се вратам на терените. Се чувствувам многу добро и многу силно. Во фудбалот има и лоши моменти, имав многу болка, едвај дишев, а сега мора да се сврти страница – рече Барди за клупскиот сајт.
Македонецот ја поминува и четвртата сезона во составот од Валенсија, во актуелната (2020/21) забележа осум настапи. Има договор со клубот до 30 јуни 2022 година.