Дебито на новиот тренер на ПСЖ, Маурисио Покетино, откако го замени Томас Тухел на гостувањето кај Сент Етјен (1:1), не заврши како што се надеваше аргентинскиот стратег.

Се разбира, новиот кормилар на париските „светци“ не беше среќен. Имаа шанси, добар посед на топка, но тоа не беше доволно за триумф.

Не се двоумеше да биде критичен на прес-конференцијата, а „мета“ беше една од ѕвездите во тимот, Килијан Мбапе.

– Не се срамам да зборувам за големата ѕвезда на ПСЖ. Мбапе мора да биде подобар, како и секој друг. Многу сум среќен со тренерската позиција, особено по 14 месеци без тренинг, но со многу чудно чувство. Последен пат кога бев тука имаше 62.000 луѓе – рече Покетино.

Неговата екипа моментно е на второто место на табелата во француската „Лига 1“ со три бода помалку од Лион.