Натпреварот од Лигата на нации, Ц дивизија, група 2, меѓу Романија и Косово е прекинат на 90+3. минута бидејќи гостинските фудбалери видно вознемирени го напуштија теренот.

Според извештаите од местото на настанот, голем број навивачи на романската репрезентација, меѓу кои, според некои информации, имало и Срби, скандирале „Србија, Србија“, што било поттик за играчите на Франк Фода да го напушти теренот.

Резултатот кон самиот крај, во моментот на прекин беше изедначен, 0:0.

По консултација со делегатот на натпреварот, судијата нареди исфрлање од трибините на најжестоките навивачи на Романија, кои ги водеа скандирањата за Србија и цело време ги провоцираа гостинските фудбалери.

Останатиот дел од натпреварот ќе се одигра дури откако ќе се испразни тој дел од стадионот во Букурешт.

Во оваа група води Романија со сите четири победи, Косово има три бода помалку и само победа ги држи гостите во игра за првото место кое обезбедува пласман во Б дивизијата.

Текстот Прекинат натпреварот во Букурешт меѓу Романија и Косово е превземен од МАКФАКС.