Италијанскиот тенисер Матео Беретини големата тениска тројка ја спореди со едни од најдобрите кошаркари на сите времиња.
– Надал е неверојатно силен, тој е тенискиот Леброн Џејмс. Исто така и двакцата експлодираа додека беа многу млади. Федерер би го споредил со Мајкл Џордан, додека Ѓоковиќ ме потсетубва на Коби Брајант. Пред се затоа што останува мирен, сталожен во тешките ситуации – изјави Беретини.

Италијанскиот тенисер верува дека во оваа година нема да биде евидентна доминацијата на големата тениска тројка и очекува далеку понеизвесна борба со младите тенисери.
– Сезонава ќе биде изедначена. Тие и понатаму имаат мала предост кога станува збор за грен слем турнирите, но останатите тенисери им се многу блиску. Тим веќе го освои УС Опен, Медведев ме импресионира и мислам дека тој може да биде идниот освојувач на грен слем титула – додава Беретини.