Серхио Рамос ја напушти Севилја по завршувањето на сезоната. Не доби нов договоро од клубот во кој ја започна кариерата. Искусниот фудбалер се уште е без клуб, откако одби неколку понуди од Саудиска Арабија и САД, а шпекулациите дека би можел да се врати во Реал се покажаа како неточни.
Серхио Рамос, последниот натпревар го одигра на 26.мај во дресот на Севилја. Според медиумите во последните седум дена е во преговори со Бока Јуниорс и како што стојат работите договорил соработка со аргентинскиот великан.
„Монитор де Меркадо“, пренесува дека Серхио Рамос се согласил да игра за Бока Јуниорс и дека ќе дебитира за новиот клуб во февруари 2025 година. Споменатиот извор наведува дека стоперот ја чекал „совршената понуда“, откако одбил одредени понуди од Саудиска Арабија и САД.
„Тој одбра да чека прилика која ќе ги задоволи неговите професионални и лични цели. Поврзаноста со Фернандо Гаго е аргумент кој ќе му го олесни преселбата во Аргентина. Финансиската понуда, во комбинација со шансата да доживее нова фудбалска култура, ја задоволува желбата на Рамос да остане конкурентен но и да се обезбеди рамнотежа помеѓу кариерата и приватниот живот“, пишува „Монитор де Меркадо“.
Откриена е и неговата плата. Во Севилја заработуваше 11 милиони евра по сезона, а во Бока неговата годишна плата ќе изнесува пет милиони евра.
Текстот Серхио Рамос се договорил со Бока Јуниорс е превземен од МАКФАКС.