Напаѓачот Диего Коста преку социјалните мрежи информира како се одвиваат неговите тренинзи. Фудбалерот се наоѓа во неговата татковина и тренира со матичниот клуб Лагарто.
На крајот на декември 2020 година, Коста по своја слободна волја, го раскина договорот со Атлетико Мадрид. Сега тој е без тим.
Беше објавено дека Арсенал, Јувентус и голем број бразилски клубови се заинтересирани за играчот.
Во Атлетико, 32-годишниот Шпанец има одиграно 215 натпревари, постигнато 83 голови и направено 36 асистенции. Заедно со клубот Коста во 2014 година стана шампион на Шпанија.
Оваа сезона Диего Коста има постигнато два гола на седум натпревари во Ла Лига.