Поранешниот капитен на Ливерпул, Стивен Џерард, наводно ќе добие отказ од функцијата главен тренер на Ал-Етифак, откако синоќа беше елиминиран од второлигашот Ал Џебелеин во осминафиналето на Купот на Саудиска Арабија.
Клубот од Дамам од тим кој се наоѓа на средина на табелата во втората лига на Саудиска Арабија.
Дебаклот во Купот на кралот е само уште еден показател дека Ал-Етифак се наоѓа во многу лоша форма, Локалните медиуми тврдат дека вистинско чудо ќе биде доколку Англичанецот остане на функцијата.
Избраниците на Џерард последен пат славеа кон средината на септември, што е спротивно од високата плата што ја има Џерард. Според многу медиуми, платата на Џерард во Ал-Етифак е 15,2 милиони фунти.
Да потсетиме, Џерард пред да замине во Саудиска Арабија во летото 2023 година работеше во Астон Вила и Глазгов Ренџерс.
Текстот Џерард е пред отказ во Саудиска Арабија е превземен од МАКФАКС.