Барселона убедливо го победи Реал среде Мадрид со 4:0 што се играше во рамките на 11. коло од Ла Лига. Со оваа победа избраниците на Ханси Флик стекна предност од шест бода во однос на Реал на врвот на табелата во шпанското првенство.
Еден од најдобрите во тимот на Барселона беше голманот Ињаки Пења, кој во второто полувреме два пати излезе како победник во ситуациите „еден наеден“ со Килијан Мбапе.
Младиот голман откри дека тренерот Ханси Флик побарал од дефанзивците да играат многу високо, што вродило со плод бидејќи дури 12 пати ги фатиле напаѓачите на Реал во офсајд, шест пати во недозволена позиција беше фатен Килијан Мбапе.
„Дојдовме овде по натпреварот со Баерн, знаевме дека оваа недела ќе биде клучна за тоа што не очекува во остатокот од сезоната и постигнавме два брутални резултати, но остануваат уште многу натпревари до крајот на сезоната. Најважно е што покажавме дека ментално не сме исти и дека можеме да го победиме секој противник.
Тренерот бараше да играме многу високо. Тој бара никогаш последната линија да не ја спуштаме ниско, особено против тимови кои имаат моќни и брзи играчи во нападот. Опасно е да се игра вака, но тимската работа најдобро се виде преку бројот на офсајди во кој фативме играчи на Реал“.
Текстот Пења: Тимска победа, видовте колку пати ги фативме во офсајд играчите на Реал е превземен од МАКФАКС.