Реал Мадрид и Барселона вечерва од 21 часот ќе играат Ел Класико дербито во шпанската Ла Лига.
Во центарот на медиумското внимание е Винисиус Жуниор, според многумина првиот кандидат за Златната топка. Бразилецот имаше уште една одлична партија минатата среда кога постигна три гола за својот тим во победата од 5:2 над Дортмунд во Лигата на шампионите.
Напаѓач беше запрашан дали би играл за друг клуб со оглед на тоа дека е вљубен во Реал.
„Не би имал проблем да играм во Реал до крајот на кариерата, но мојот омилен клуб е Фламенго. Ми се допаѓа сè во Мадрид, но ако се укаже можност да го облечам дресот на Фламенго, веројатно би го направил тоа“, изјави Винисиус.
Текстот Винисиус: За само еден клуб би играл после Реал е превземен од МАКФАКС.