Нападите на Израел врз Иран предизвикаа осуда од голем број арапски држави, кои изразија загриженост поради можна ескалација на конфликтот во регионот.
Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) и Саудиска Арабија изразија противење на воената акција против Иран, осудувајќи го кршењето на иранскиот суверенитет. Катар, Кувајт и Египет исто така ги осудија израелските напади и повикаа на воздржаност за да се спречи ескалација на Блискиот Исток.
Земјите од Заливот, како Саудиска Арабија и ОАЕ, ја насочија својата надворешна политика кон дијалог и дипломатија, настојувајќи да се намалат конфликтите во регионот. Дипломатскиот советник на ОАЕ, Анвар Гаргаш, ја истакна потребата од политички решенија наместо натамошна воена ескалација. Ова е интересен аспект на настанот, со оглед на ривалството на земјите од Персискиот залив предводени од Саудијците и Иран, во последната година дојде до затоплување на односите.
Пред нападот, Иран интензивно работеше на дипломатските односи со арапските земји, вклучително и состаноци на иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи со регионалните лидери, каде што беше уверен дека Израел нема да го користи нивниот воздушен простор за напади.
Осуда за нападот стигна и од Пакистан и Либан. Нападот врз Иран го осуди и Хамас.