Претседателските избори во Белорусија се закажани за 26 јануари 2025 година, пренесува белоруската државна агенција „Белта“.

Оваа одлука е донесена на седница на Претставничкиот дом, се наведува во извештајот.

На последните избори во Белорусија на 9 август 2020 година, актуелниот претседател, Александар Лукашенко, доби 80,1 отсто од гласовите.

Неговата главна противкандидатка Светлана Тихановска освои 10,12 отсто, по што ја напушти Белорусија.

Текстот Претседателските избори во Белорусија закажани за 26 јануари 2025 година е превземен од МАКФАКС.