Во осмото коло од Серија А, Фиорентина убедливо го совлада Лече на гости со 6:0. Гостинска победа запиша и Аталанта кај венеџија (2:0).
Фиорентина, по очајниот старт на сезоната, еден бод во првите четири кола, сега се наоѓа во одлична форма и стигна до третата победа на последните четири натпревари.
Данило Каталди и Андреа Колпани постигнаа по два гола, а Белтран и Паризи го комплетираа дебаклот на Лече.
Лече моментално е на 18. место на табелата, додека Фиорентина по оваа победа е петта.
Аталанта победи со 2:0 на гостувањето кај Венеција.
Марио Пашалиќ беше стрелец на првиот, а Матео Ретеги го постигна вториот гол за тимот од Бергамо. Аргентинецот во моментов со одум гола е најдобра стрелец во Серија А.
Текстот Лече загуби дома со 0:6, Аталанта победи во Венеција е превземен од МАКФАКС.