Фудбалерите на Наполи го победија Емполи со 1:0 во натпреварот од осмото коло на Серија А.
Стрелец на единствениот гол на самото место беше Хвича Кварацхелија во 63. минута од натпреварот од пенал.
Фаустино Анјорин беше невнимателен кога во сопствената шестка го собори Матео Политано. Одговорноста ја презеде Грузиецот кој го постигна четвртиот гол сезонава.
Тимот на Антонио Конте стигна до шестата победа сезонава и вкупно 19 бода оваа сезона, што е три повеќе од второпласираниот Јувентус. Емполи моментално е 11-ти со 10 бода и ова им беше втор последователен пораз, а трет меч без триумф по добриот старт на сезоната.
Во следното коло Наполи за шест дена го пречекува Лече, додека Емполи и гостува на Парма.
— OvoOno (@OvoOnoX) October 20, 2024
Текстот (Видео) Фудбалерите на Наполи го победија Емполи со 1:0 е превземен од МАКФАКС.