Возбудливо попладне на терените во Премиер лигата. Победи со пресврти забележаа Манчестер јунајтед, Лестер и Астон Вила, а побед како гости извојуваа Брајтон и Евертон.

Манчестер јунајтед, одигра добро во второто полувреме, успеа да постигне два гола со што го надомести монусот од првиот дел против Брентфорд. Гпстите од Лондон поведоа во последните секунди од првото полувреме преку Пинок. Во вториот дел Граначо во 47. и Хојлунф во 62.минута го режираа пресвртот на „црвените ѓаволи“.

Драматична победа на „Сент Мери“ во Саутемптон извојуваа фудбалерите на Лестер. „Лисиците“ имаа два гола минус, но во вториот дел направија пресврт. Херој е Ају кој погоди за 2:3 во 98.минута.

Астон Вила на „Крејвен Котиџ“ ги казни сите промаувања на Фулам, победи со 3:1. Домаќините поведоа со голот на Хименез во петтата минута. Роџерс изедначи четири минути подцна. До крајот на полувремето Фулам промаши неколку добри шанси, а најдобрата ја имаше Переира. Бразилецот не успеа да постиге гол од пенал.

Во вториот дел Воткинс и Диоп со авто-гол ја обезбедија победата за гостите од Бирмингем.

Брајтон славеше на тешкото гостување во Њукасл. Велбек го постигна единствениот гол во 35.минута. Овој играч во финишот на второто полувеме поради повреда на грбот на носилки беше изнесен од теренот.

Ипсвич доживеа пораз од Евертон 0:2. За „карамелите“ погодија Ндијае и Кин.

Текстот (Видео) Јунајтед од 0:1 до 2.1, Лестер од 0:2 до 3:2 е превземен од МАКФАКС.