Фудбалерите на Атлетик Билбао убедливо го совладаа Еспањол на „Сан Мамеш“ со резултат 4:1 во 10. коло од Ла Лига.
Тимот на Ернесто Валверде се врати на победничките патеки. Блеснаа браќата Ињаки и Нико Вилијамс, им помогна одличниот Алекс Беренгер.
Ињаки и Нико во неколку наврати со леснотија ги минуваа своите чувари своите чувари, постариот брат погоди два пати, додека помалиот запиша една асистенција. Две асистенции имаше Алекс Беренгер, кој постигна во 55. минута, а меѓу стрелци се запиша и Даниел Вивијан, кој прв го совлада голманот на Еспањол. Во 92. честа на Еспањол ја спаси Техер.
Билбао барем за кратко стигнува до четвртот место со 17 бодови, Еспањол е 14-ти со 10.
Текстот (Видео) Браќата Вилијамс му пресудија на Еспањол е превземен од МАКФАКС.