Австрија ја декласира Норвешка во Линц со 5:1, во четвртото коло во Групата 3, во Б-дивизијата во Лигата на нации.

Убедливата победа на Австрија дополнително ја закомпликува ситуацијата на табелата, во пресрет на последните две кола Австрија, Словенија и Норвешка имаат по седум бода, Казахстан со еден е последен на табелата.

Австрија до убедливата победа ја предводеше капитенот Арнаутовиќ, кој ги постигна првите два гола. Најпрвин погоди во осмата минута, Сорлот изедначи во 39.минута.

Во вториот дел Австријците ги декласираа своите противници. Арнаутовиќ погоди од пенал во 48.минута, а до крајот Ниланд го совладаа Линхарт, Пош и Грегорич.

Текстот (Видео) Австрија со петарда ја испрати Норвешка е превземен од МАКФАКС.