Маурисио Покетино успешно го започна мадатот на клупата на Соединетите Американски Држави.
САД ја совлада Панама со 2:0 во пријателски натпревар.
Поранешниот тренер на Тотенхем, ПСЖ и Челзи со овој меч официјално дебитираше на клупата на Америка.
Четата на Покетино до победата ја предводеа Јунус Муса и Рикардо Пепи, кои ги постигнаа головите.
„Многу добро чувство. Беше навистина тежок натпревар за нас. Малку по малку градиме нешто. Целта е 2026 година, но мислам дека сме среќни бидејќи бевме солидни, со многу професионални перформанси. Ова е само првиот чекор“, рече Покетино.
На Американците сега им претстои уште еден подготвителен дуел, против Мексико на 16 октомври.
Текстот Покетино со победа дебитираше на клупата на САД е превземен од МАКФАКС.