Бразилскиот играч за врска Даглас Луиз (26) минатото лето пристигна од Астон Вила во Јувентус за 52 милиони евра.
Во Астон Вила одигра одлична сезона каде запиша десет гола и асистенции.
Се очекуваше дека ќе продолжи да игра добро во Јувентус, но моментално е далеку од својата најдобра форма и од место во првиот тим.
Луиз досега има осум настапи за тимот на Тиаго Мота, а само еднаш беше стартер. Одигра скромни 222 минути во Серија А и Лигата на шампионите, а на последните два натпревари направи два пенали.
Кај Лајпциг при пресвртот на Јувентус 3:2 неговиот кикс на крајот не ја чинеше скапо „Старата дама“, но затоа во неделата значително го оштети тимот на Торино.
Јувентус неочекувано одигра 1:1 против Каљари во Торино, а на крајот од натпреварот Луиз со несмасе фаул направи пенал, од кој гостите извадија бод.
„Тутоспорт“ пишува дека Мота не се сомнева во техничките квалитети на повремениот бразилски репрезентативец.
Проблемот е во интензитетот на неговата игра бидејќи Мота бара високо темпо и многу трчање во двата правци од сите играчи.
Луиз досега не може да го исполни и затоа е на втор план.
Јувентус ќе му даде време до јануари, а потоа ќе одлучи за неговиот статус.
Според „Трансфермаркт“, Луиз моментално вреди 75 милиони евра, но тешко дека Јуве ќе може да извлече толку пари со оглед на неговата моментална форма.
Бразилецот претходно играше за Манчестер сити, Џирона и Васко де Гама.
Текстот Јувентус по само три месеци сака да се ослободи од Даглас Луиз е превземен од МАКФАКС.