На Арсенал сезонава не му цветаат розите, „топчиите“ се наоѓаат на 13. место на табелата во Премиер лигата, и дури со последните две победи навивачите ги вратија на кратко насмевките.
Но, насмевките не се симнуваат од лицата на навивачите по изјавата на легендарниот менаџер на Арсенал, Арсен Венгер кој 22. години седеше на клупата на „топчиите“. Венгер во 2018 година си замина од Арсенал, но сега откри дека не би можел да го одбие повикот на Арсенал доколку во клубот проценат дека тој им е потребен.
– Доколку сум потребен на Арсенал, немојте да очекувате дека ќе го одбијам тој повик. Врмеето е добар лекар – изјави Венгер за „Дејли Мирор“.
Арсенал сезонава игра очајно, далеку е од позициите кои носат пласман во Лигата на шампионите, но и Лигата во Европа, додека според прикажаната игра досега, борбата за титулата е невозможна мисија.