Најдобриот дефанзивец на Јувентус, Глисон Бремер (27) ја заврши сезоната поради скинати вкрстени лигаменти. Бразилскиот стопер се повреди во вчерашната победа на Јувентус против Лајпциг од 3:2 во второто коло од Лигата на шампионите, во шестата минута.

Тој го напушти теренот со помош на физиотерапевт, а по денешните прегледи беше констатирано дека е повреден и неговиот менискус.

Бремер пристигна во Јувентус во летото 2022 година од Торино за 46,9 милиони евра и веднаш се наметна како еден од најдобрите играчи на Јувентус.

Оваа сезона забележа осум настапи, одигра вкупно 637 минути. Според „Трансфермаркт“, тој вреди 60 милиони евра.

Текстот Крај на сезоната за најдобриот дефанзивец на Јувентус е превземен од МАКФАКС.