Пензионерите утре ќе добијат повисоки пензии за 2.500 денари. Зголемувањето е линеарно, што значи дека сите пензии ќе се покачат за истиот износ.

Второто линеарно покачување од плус 2 и пол илјади денари пензионерите ќе го добијат во март следната година.

Премиерот Христијан Мицкоски вечерва преку видео обраќање на пензионерите им порача да уживаат во повисоките пензии кои од утре ќе се најдат на нивните сметки.