Манчестер сити има план да ангажира квалитетен напаѓач и на тој начин менаџерот Пеп Гвардиола го реши најголемиот проблем..
Според британскиот „Дејли Мејл“, најновата желба на „граѓаните“ е англискиот репрезентативец Хари Кејн. И сезонава игра во одлична форма, во 23 настапи во сите натпреварувања има 16 голови и запиша 13 асистенции.
Моментно еден од најдобрите централни напаѓачи на светот, а токму на таа позиција клубот од „Етихад“ има проблеми.
Серхио Агуеро имa 32 години и сè почесто соочува со повреди, а Габриел Жезус не ги дава потребните перформанси кои ги очекуваат првите луѓе на Сити, па од тие причини фокусот е насочен кон играчот на Тотенхем.
Кејн има договор со екипата до лето 2024 година, а неговата вредност моментно според „Трансфермаркт“ е 120 милиони евра.