ЈПКД Комуналец Струмица со препорака до жителите на градот и населените места Дебиле, Добрејци, Просениково, Градско Балдовци, Баница и Водоча, водата од водоводната мрежа да не се користи за пиење.

Во соопштението наведуваат дека поради отстапување од вредностите и стандардите за квалитет на водата за пиење, во однос на физичко хемиските параметри во согласност со Правилникот за вода за пиење, таа не треба да се користи за пиење, туку исклучиво како техничка.

– Заради намалувањето на количините на вода во акумулацијата на брана „Турија“ и промената на квалитетот на суровата вода која доага од оваа акумулација, односно зголемените количини на суспендирани материи кој ги има во суровата вода, Фабриката за вода не е во можност да ги преработи и ги сведе во границите кои се пропишани согласно Правилникот за вода за пиење. Затоа, се известуват граганите во наредниот период да ја користат водата од водоводната мрежа исклучиво како техничка. Водата не е за пиење, се наведува во соопштението на ЈПКД „Комуналец“.

Се додава дека оваа состојба ќе трае се додека квалитетот на водата не се сведе во границите кои ги пропишува Правилникот за вода за пиење и додека резултатите од лабораториските анализи направени од акредитирана лабораторија бидат согласно Правилникот.