Српскиот тенисер има интересен предлог кој наиде на поддршка од ФИФА.
Новак Ѓоковиќ подготвува тениска револуција за која добил поддршка и од Светската фудбалска федерација, пренесува италијанскиот портал „Industriadeltenis“.
Имено, првиот тенисер на АТП ранг листата планира да формира тениско натпреварување слично на фудбалската Лига на шампиони.
„Ѓоковиќ отиде чекор понатаму и потпиша соработка со ФИФА за да креираат ново наптреварување – тениска Суперлига. Тоа би бил турнир на светсно ниво и би бил пандан на фудбалската Лига на шампиони. Ѓоковиќ веќе формира нова асоцијација на тениски професионалци и сака да биде дел од реформите во тенисот. Неговата идеја е едноставна но и компликувана во исто време. Не е лесно да се направи така голем настан како Лига на шампионите бидејќи треба да има и групна фаза, па осминафинале, четвртфинале, полуфинале и на крајот финале“, пишува италијанскиот портал кој открива дека тенисерите би играле во тимови, налик на фудбалските.
„Планот е тенисерите да претставуваат одредени фудбалски екипи. На пример, Рафаел Надал како навивач на Реал Мадрид би можел да ифра за нив, Ѓоковиќ е познат како навивач на Црвена звезда и би можел да игра во тој тим. Останува да се види како ќе реагира тенискиот свет на ова, но треба да се знае дека оваа идеја има два големи промотори, Новак Ѓоковиќ и ФИФА“, пишува „Industriadeltenis“.