Полициски службеници од СВР Скопје  во текот на вчерашниот ден и денеска во засилени мерки и активности за безбедно Скопје на повеќе од 20 локации  легитимирале 126 лица, а кај 64 од нив извршиле и преглед. Преглед бил извршен и на 54 моторни возила и два мотоцикли.

– Лишени од слобода биле четири лица по член 215 од Кривичниот законик. Констатирани биле три прекршоци од Законот за оружје, а едно лице било приведено бидејќи било барано со судска наредба. Засиленото полициско присуство за безбеден град Скопје продолжува и во наредните денови, соопшти Министерството за внатрешни работи.