На територијата во државава има активни два пожари, изгаснати се 21, а под контрола е еден пожар, информираат од Центарот за управување со кризи.

Активни се пожарите во Општина Ресен, на планината Галичица и во Општина Чашка, на планина Мукос.

Под контрола е пожарот во Општина Демир Хисар, на Плакенска планина.

Изгаснати се пожарите во Општина Сарај – село Горна Матка, Општина Карпош – село Бардовци. Општина Аеродром – село Горно Лисиче, Општина Гази Баба – кај Студентски дом „Стив Наумов, Општина Илинден,  автопат Скопје – Велес, Општина Шуто Оризари – кај Општината, Општина Арачиново – Депонија, Општина Василево – село Доброшинци, Нова маала, Општина Босилово – село Сушица и село Штука. Општина Ресен – село Стење, Општина Прилеп – село Дабница, Општина Тетово – во градот, Општина Брвеница – село Челопек, Општина Гостивар – село Чајле, Општина Врапчиште – село Неготино, Општина Долнени, село Мало Рувци, кај фабриката „Гентерм“, Општина Долнени – село Дебреште, м.в.Дебрешни Ливади, Општина Виница – Виничка Кршла, м.в.Капетанска чука, Општина Липково – село Виштица (стрниште и сува трева), Општина Куманово – населба Средорек и Општина Македонски Брод – м.в.Стојанова населба.

На овие места горела сува трева, ѓубре и депонии.