– Пороен дожд проследен со ветар и слаб град денеска попладне го зафати делчевскиот регион.

Врнежите се најизразени над градот Делчево, а од поројниот дожд најмногу настрада улицата која пред една година беше зафатена од поплави.

Поради обилната вода на булевар „Македонија“, полициско возило околу половина час ги насочуваше возилата по алтернативна траса.

Во моментот сообраќајот е нормализиран и истиот се одвива без задржување.