Денеска во рамките од 15 коло во Премиер лигата екипата на Лидс славеше на домашен терен со 1:0 против Барнли на „Иланд роуд“ стадионот.

После високиот пораз на „Олд Трафорд“ од Манчестер јунајтед (6:2), играчите на менаџерот Марсело Биелса им се вратија на победите.

До шестиот трумф сезонава дојдоа со погодокот на Бамфорд кој беше успешен од белата точка во петтата минута од средбата.

Македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски го одигра целиот меч за домаќините и не му дозволи ниту еднаш на противникот да дојде до реализација на гол.

Лидс е моментно на 11 позиција со 20 бодови и следниот меч ќе го има за два дена на гостувањето кај Вест Бромвич, моментно претпоследен на табелата.