Лука Модриќ (35) и Реал Мадрид имаа успешни преговори, хрватскиот играч се одлучи за нов договор кој ќе го задржи во клубот до 30 јуни 2022 година, пишува шпанската „Марка“.
Со новиот договор фудбалерот ќе комплетира една деценија како членна „кралскиот“ клуб. Тој пристигна на „Сантјаго Бернабеу“ во 2012 година од редовите на Тотенхем.
Мадридскиот весник детално ја опиша ситуацијата со светскиот вицешампион и продолжувањето на соработката, ги објасни условите под кои тој беше потпишан, според најавите со помала заработка.
– Со своите игри, хрватскиот играч за врска ги убеди сите во клубот дека заслужува нов договор. Тој покажа ентузијазам, одлучност и лидерство на теренот, тој секогаш беше пример на теренот и надвор од него. Секој натпревар кој го играше во последните месец и половина беше фудбалска претстава. Резултатот е нов договор.
Истиот нема да има економска тежина од оној што го имаше со клубот досега. Хрватот доби бројни понуди од друго место, вклучително и профитабилни од Катар, како и од американската МЛС. Но, никогаш немаше сомнеж дека Лука мораше да остане во клубот – пишува „Марка“.
.@lukamodric10 renovará con el Real Madrid un año más, hasta el 30 de junio de 2022 https://t.co/i7i2R9AJw5 Informan @jfelixdiaz y @hugocerezo
— MARCA (@marca) December 26, 2020