Екипата на МЗТ Скопје славеше со убедливи 104:67 над Црн Дрим во 10. коло од првата лига. „Металците“ уште во првата четвртина ја „резервираа“ победата откако водеа со 33:14. Фуриозната игра продололжи и во втората четвртина во која постигнаа двојно повеќе поени од противникот (34:17). Во второто полувреме избраниците на Кочов рутински ја одработија задачата и на крајот ја запишаа првата стотка сезонава.

Најдобар во победата во Аеродром беше Гравет со учинок од 26 поени и 11 скока, Андреј Магдевски постигна 20 поени, додека Дамјан Стојановски даде 15 поени. Кај Црн Дрим, најрасположен за игра беше Каухерд со 21 постигнат поен.
Успешен настап во 10. коло имаше и вториот тим на МЗТ Скопје кој направи вистински подвиг победувајќи ја Академија ФМП со 88:77. Младите „штркови“ ја остварија првата победа во првата лига, а најзаслужни за тој подвиг се Лука Савичевиќ со 21 поен и Роберт Монтгомери со 19 поени и 20 скокови.

Резултати:
МЗТ Скопје 2 – Академија ФМП 88:77
Вардар – Еуро Никел 68:94
ТФТ – Гостивар 81:73
МЗТ Скопје – Црн Дрим 104:67