Новоизбраниот ирански претседател Масуд Пезешкијан повторно го назначи Мохамед Еслами за шеф на иранската нуклеарна програма, објавија ирански медиуми.

„Поради вашето драгоцено менаџерско искуство, ве назначувам за потпретседател и шеф на Организацијата за атомска енергија“, се вели во изјавата на претседателот Пезешкијан за неговото назначување пренесена од иранските државни медиуми.

Шеесет и седумгодишниот Мохамед Еслами ќе ја продолжи својата работа како шеф на иранската нуклеарна програма и ќе биде еден од неколкуте потпретседатели на земјата. Како што пренесуваат странските агенции, тој се школувал во САД и пред 16 години бил под санкции на ОН.