Времето ќе биде сончево и топло, во  источните делови со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 21, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени. UV=8

Во Скопје претежно сончево и топло со умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 36 степени.

Утре ќе дува умерен, долж Повардарието повремено засилен северен ветер. Потоа во следните денови времето ќе биде сончево и многу топло, особено  во почетокот на следната седмица, кога на повеќе места ќе биде активирано портокалово ниво за опасност од високи температури.