Белгија најави дека ќе префрли 30 авиони Ф-16 во Украина, но датумот за испорака до крајот на 2028 година, е неприфатлив за Киев, изјави за Радио Слобода, Игор Зовква, помошник на украинскиот претседател Володимир Зеленски.
– Навистина ни требаат авионите. Имаме соодветни изјави од нашите партнери за бројот на авиони. За жал, во некои земји рокот за испорака е предолг. На пример, Белгија има ветено 30 авиони, но најави дека ќе бидат испорачани до крајот на 2028 година, што за нас е неприфатливо, вели Зовква.
Тој истакна и дека важно прашање е да се зголеми бројот на центри за обука на украински пилоти.