По десет години неисполнети ветувања, проблемот со канализацијата Тетово и околина добива решение.
Владата на Република Северна Македонија денеска овозможи Oпштина Тетово да добие земјиште на кое ќе започне изградбата на филтер станицата за третман на фекални води и проширување на канализационата мрежа. На овој начин градот Тетово со околина ќе реализираат голем проект кој е од витално значење за граѓаните и урбанизмот.
Овој капитален проект, кој по повеќе од една деценија чекање го зема вистинскиот правец, го опфаќа градот Тетово и околните села и ќе се реализира во рамките на ИПА 2 програмите. Претходните Влади ветуваа негова реализација веќе десет години, но никогаш немале волја да го изведат овој проект од витално значење за Тетово и околината.
Нашата влада, како што им ветивме на граѓаните, уште од првите денови на власт премина на дела за реализација на проекти кои долго време беа во интерес на граѓаните, а не беа реализирани од претходните влади.
Во реализацијата на овој проект директен учесник ќе биде Министерството за животна средина и просторно планирање. Ова е едно од првите големи претпријатија кои се инвестирани во албанската средина од средствата на владата на земјата.
Процесот на европеизација значи уредени градови, здрави средини и нула суштински проблеми за достоинствен живот. Ова е нашата заложба. Реализацијата на оваа заложба започнува во Тетово.