Со омилената фамилијарна слика на сега покојниот Јордан Ражанков ја објавуваме жалната вест за неговото починување во 81 година од животот во Лос Анџелес, во Соединети Американски Држави, пишува спортм.мк

Ретко кој од повозрасните фудбалски потковани штипјани не знае за Јордан Ражанков кој во дресот на Брегалница ги доживеа звездените моменти на својата фудбалска кариера. Почетоците во пеесетите години на минатиот век му беа со другарите како што милуваше да ги нарекува „егејци“ кои го натераа на фудбалската игра. Најпрвин во сувото корито на реката Отиња со „парталава“ топка а подоцна на градскиот терен покрај Брегалница.

Тренери му беа повозрасните играчи, за да подоцна дојдат вистинските„учители“ на фудбалската игра. Ги мина сите пионерско – младински категории се до сениорскиот статус во Брегалница.

Извор: СПОРТМ.МК