Денеска во Рожаје нема да се одигра натпреварот помеѓу екипите на Ибар од Црна Гора и Куманово, соопшти менаџментот на БИБЛ лигата.
Ќе биде одигран во некој друг дополнителен термин, а како причина за одложувањето е наведено дека неколку членови на македонскиот кошаркарски клуб биле позитивни на ПЦР тестирањето од коронавирус.
Со оглед на тоа дека комплетниот тим на Куманово е ставен во карантин, не е возможно било каква акција во наредниот период.
Доколку сè биде во ред со здравствениот билтен, овие два тима ќе играат на 5 јануари следната година, но во нашата земја.
Моментно на табелата во Балканската лига КК Куманово е последнорангиран со шест бодови од четири натпревари, а претпоследен е Ибар со седум бодови од пет натпревари.