Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски преку социјалните мрежи објави дека е позитивен на коронавирусот.
Поранешниот екс ракометен репрезентативец апелираше до граѓаните да го чуваат здравјето и да се празнува одговорно.
– Поради контактите кои ги имав изминатиот период поврзани со моите работни обврски, одлучив да се тестирам и добив позитивен тест на ковид–19. Ви моментов немам симптоми, се чувствувам добро и ги следам препораките на мојот доктор.
Чувајте се и почитувајте ги мерките. Пред нас се денови кои досега сме ги празнувале со пријателите, поширокото семејство, надвор од дома.
Мојот апел до вас пријатели е да направите сѐ да го заштитите вашето здравје и здравјето на вашите најблиски. Да празнуваме одговорно – напиша Мојсовски на „Фејсбук“.