Докторот Алфредо Кае ја возбуди аргентинската јавност со своето тврдење поврзано за смртта на Диего Марадона.
Диего Армандо Марадона почина на 25. ноември и оттогаш секојдневно се појавуваат разни теории за причините за неговата смрт.
Последната теорија ја изнесе Алфредо Кае кој му беше личен доктор на Марадона од 1997 до 2007 година, и тој тврди дека славниот аргентински фудбалер се самоубил.
Кае за време на гостувањето во аргентинска радио емисија изјави дека Марадона престанал да јаде и да ги зема лековите по операцијата на мозокот:
– Ова не изгледа како едноставен срцев удар. Кога разговарав со него, го прашав дали размислува за самоубиство. Ми одговори: Можеби еден ден, што знам!. Диего беше уморен – изјави Кае.
Докторот како пример наведува сцена од болницата каде на Марадона не му била укажано соодветно внимание и нега.
– Требаше да остане во болница, а не да оди во куќа која не беше подготвена за него. На Куба има автобуси кои ги нарекуваа гуагуа и Диего се обиде со автомобил да се удри во еден од нив. Ни рече дека не го видел, но вистина е дека се обиде да се самооубие. Тогаш го спаси само чудо. Според мене, неговата смрт е самоубиство, беше уморен. Не можеше повеќе и се препушти – вели Кае.